Спортистите на Канада се на врвот по бројот на освоени медали на 22.те Зимски Олимписки игри во Сочи.
Канаѓаните имаат освоено вкупно 7 медали, по 3 златни и сребрени и 1 бронза.
Веднаш зад нив се Холандија исто така со 7 медали (3 златни), додека Норвешка има 7, но 2 златни.
Златни одличија имаат освоено уште Сад и Германија по 2, и Русија, Австрија, Франција, Полска, Швајцарија и Словачка по 1.
Вкупно 19 држави имаат освоено медали, а 11 барем еден златен.
Денеска на Игрите ќе бидат поделени 8 комплети медали во следните дисциплини: биатлон пурсиут 10 км.(жени), крос кантри – спринт (мажи и жени), слободно скијање – слупстајл(жени), санкање (жени), ски скокови (жени), сноуборд – халфпајп (мажи) и брзо лизгање – 500 метри (жени).