Овие денови се појавија информации дека британски „Мекларен“ работи на нов суперавтомобил познат како „P15“, кој во нивната флота ќе се смести меѓу моделите „12C“ и „P1“.
„Мекларен P15“ ќе има каросерија од јаглеродни влакна и централно поставен турбо-мотор кој се претпоставува дека ќе биде преработен од 3.8-литарски V8 „bi-turbo“ агрегат кој се користи во „Мекларен 12C“.
Иако нема повеќе информации за новиот модел, веќе се зборува дека ова возило ќе биде главен конкурент на „Ферари Ф12 Берлинета“ и „Ламбурџини Авентадор“.