Американскиот гигант во производството на компјутерски чипови „Intel“ во минатата година забележа пад во профитот од 13%, додека кризата во сегментот на персоналните компјутери и натаму продолжува.
Од компанијата, сепак гледаат „знаци на стабилизација“ на пазарот. Според резултатите објавени во четвртокот, нето добивката на „Intel“ достигна 9.6 милијарди долари за целата година. Приходите се намалиле за 1 % на годишно ниво до 52,7 милијарди долари, но само во последниот квартал се зголемени за 3% до 13,8 милијарди долари. Овие нивоа се генерално во согласност со очекувањата. Веќе две години „Intel“ се соочува со пад на продажбата на персонални компјутери, бидејќи потрошувачите преферираат таблети и смартфони.
Бројот на персоналните компјутери продадени во светот во минатата година, забележа историски пад од околу 10%, според проценките, објавени минатата недела од истражувачките компании „Gartner“ и „IDC“.