Најголемиот светски производител на тестенини, италијанската компанија „Barilla“ работи на прототип на 3Д печатач, кој ќе изработува единствени тестенини по нарачка.
Во време кога од 3Д печатарите е можно да се добие прототип на производите, печатени плочи за електронски уреди, намалена реплика на самиот себе, делови за авиони, дури и слатки со саканиот облик, логично е да може да се испечати и тестенина каква што ќе се посака.
Токму тоа е целта на италијанската компанија „Barilla“, која во соработка со холандскиот институт „TNO“ од Ајндховен започна на работата на прототип уред кој би овозможил 3Д печатење на тестенини.
Целта е да се направи 3Д печатач, наменет за рестораните кои на гостите сакаат да им ја понудат оваа единствена услуга – тестенини во облици и вкусови според нивните желби, и тоа за кратко време по нарачката.
Сепак ова нема да биде глaвен извор на заработка за „Barilla“, туку тие низ оваа програма ќе ги промовираат своите тестенини и ќе заработуваат примарно на продажбата на мешавината на тестото кое ќе може да се печати во тој уред.
Во компанијата се надеваат дека првиот прототип ќе биде претставен во најкраток рок.