Како што пишува германскиот магазин „Auto Bild“, францускиот производител на автомобили „Peugeot“ подготвува нов модел инспириран на „Mercedes CLA“.
Според овие информации, овој модел би можел да ја има ознаката „Peugeot 408 GT“, a ќе се базира на новата „308“ од која со своите 460 cm ќе биде подолга за 35 cm.
Во понудата ќе бидат бензински мотори со распон на снагата од 130KS дo 270KS, како и дизел агрегати со снага од 120KS дo 180KS.
„Peugeot 408 GT“ се очекува во продажба на европскиот пазар да се појави во текот на 2016-та година, а во Кина ќе го произведува локалниот „Dongfeng“.