30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКлучниот инженер на Microsoft пребегна во Google

Клучниот инженер на Microsoft пребегна во Google

blaise

Блаисе Агуера, инженерот и експертот кој имаше клучна улога во развојот на пребарувачот „Bing“ на „Microsoft“, ја напушти компанијата со цел да се придружи на најголемиот ривал „Google“.

Тој во понеделникот потврди дека се придружува на тимот во „Google“ и изјавил дека ова била една од најтешките одлуки во неговиот живот.

Агуера во „Microsoft“ беше фокусиран за промена на реалноста, мапирање, носивата технологија и природниот кориснички интерфејс, а беше и архитект на мапите на „Bing“ и „Bing Mobile“. Тој беше прогласен за еден од најценетите инженери во 2011-та година и го надгледуваше развојот на „Photosynth“, „3D“ панорамската апликација.

Неговата нова одговорност во „Google“ е развојот на машините за учење.

Агуера му се придружи на „Microsoft“ во 2006-та година, откако „IT“ гиганот ја купи „Seadragon Software“, компанија која тој ја основаше во 2003-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП