Над 40 компании од Централна и Источна Европа ќе се запознаат со инвестициските можности во Македонија на Бизнис форум во Скопје.
Форумот е во организација на Кабинетот на министерот задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и Европската стопанска комора за Централна и Источна Европа (ЕуЦхам ЦЕЕ) предводена од претседателот Микеле Орзан.
На настанот ќе се обратат и вицепремиерот Владимир Пешевски, и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо.
Европската стопанска комора за Централна и Источна Европа е независна, невладина и приватно организирана институција со седиште во Будимпешта, Унгарија и ги претставува интересите на националните и интернационалните компании во Европа, со цел создавање нови бизнис можности.