Американскиот ланец на дисконтни продавници „Target“, во третото тромесечје од фискалната година забележал пад на нето профитот од дури 46 проценти и ја намали прогнозата за годишните резултати.
Во периодот август-октомври, оваа компанија остварила нето профит од 341 милион долари, или 54 центи по акција, за разлика од 637-те милиони, или 96 центи по акција во истиот период минатата година, пренесува францускиот весник „Capital“.
Приходите од продажбата во периодот кој се наведува изнесувале 17,3 милијарди долари, што е раст од 1,9 проценти.
„Target“, вториот американски дистрибутивен ланец, после „Wal-Mart“, ја намали прогнозата за профит по акција за целата 2013 година, сметајќи во иднина на вредност од 4,59 до 4,69 долари, наместо од 4,7 до 4,9 долари.