Германската телекомуникациска компанија „Deutsche Telekom“ соопшти дека продава 70 проценти од уделот во својата компанија за рекламирање на интернет за 1,5 милијарди евра.
„Deutsche Telekom“ наведува дека ќе задржи 30 проценти од уделот во компанијата „Scout24“, која контролира неколку водечки европски интернет портали за купување и продажба на недвижен имот и автомобили.
„Deutsche Telekom“ во своето соопштение наведе дека поголемиот дел ќе отиде во рацете на инвстициската компанија „Hellman & Friedman LLC“, која има канцеларии во Сан Франциско, Њујорк и Лондон.