30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВнимавајте на печатните грешки во деловните комуникации

Внимавајте на печатните грешки во деловните комуникации

pechatnigreshki1

Лошата граматика и правописните грешки можеби се интересни и забавни на рекламни знаци или менија во ресторани, но на нив се гледа од сосема поразлична точка кога се испитувани од бизнис професионалци. Лидерите треба да комуницираат со јасност и авторитет, без разлика на индустријата или пак големината на тастатурата! Граматички неточен текст ја менува промотивната порака и влијае врз кредибилитетот.

Секоја персонална комуникација како онаа преку e-mail, писма, презентации, статии и други маркетинг материјали СЕКОГАШ мора да биде проверена за граматички и правописни грешки.

СМС пораките, разговорите на „Skype“ и „Facebook“ коментарите се полни со (намерни) грешки – и тоа е во ред… но, сепак трудете се да не ги правите. Ако ништо друго, нема да ви прејде во навика кога пишувате официјална формална e-mail порака до некого, да ви се испушти да оставите емотикон или личен поздрав од типот на “Чаоооо“. Пишувањето долги e-mail пораки на телефон не е лесно, па ако пораката што ја праќате е многу важна, подобро користете компјутерска тастатура.

Што можете да направите за да ги намалите правописните и граматички грешки во вашата лична и деловна комуникација?

Прочитајте го текстот на глас. Кога пишувате e-mail набрзина, поголеми се шансите да згрешите некој збор. Прочитајте го текстот на глас и тоа ќе ви помогне да ги најдете грешките.

Пратете го на проверка кај некого друг. Доколку сте уморни или во брзање – а особено ако сте во брзање – замолете некој друг да го прочита текстот. Ова е особено важно за критични меилови кои се испраќаат на многу корисници.

Одвојте ги социјалните медиуми од вашето работење. Зборовите од типот на “ЛОЛ“ не можете да ги пишувате во секое време. Роденденски честитки и коментари за доживувањата за викендот не спаѓаат во иста категорија со бизнис комуникациите.

Грижете се за квалитетот, професионализмот и чистата комуникација. Без разлика на технолошките трендови и зафатените распореди, неколку дополнителни минути одвоени за проверка на e-mail пораките можат да значат многу за брендот кој го претставувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП