Групацијата „BMW“ ги објави резултатите од работењето на оваа компанија за месец септември, при што тоа е најдобриот месец септември во историјата на компанијата.
Пред неколку дена „Mercedes“ објави дека оваа компанија остварила рекордна продажба, а сега и „BMW“ се огласи за истиот повод.
„BMW“ несметајќи ги „MINI“, „Rolls Royce“ и своето мотоциклистичко одделение, продал 158.029 возила во текот на минатиот месец, што е зголемување од 7.6 проценти, односно 146.852 автомобили колку биле испорачани во 2012-та година во септември.
Зголемувањто на продажбата е главно последица на добрата продажба на Серија 3 која постигнала зголемување на продажбата за 13.9 проценти. Досега во текот на годината баварскиот производител продал вкупно 1.209.598 возила што е за 9 проценти повеќе отколку една година претходно.