Рекордер меѓу загубарите е „Bugatti Veyron“. Секој примерок на овој автомобил кој „Volkswagen“ го продаде од 2005-та година му донесе во просек загуба од 4.65 милиони евра.
Сите модели на автомобили на своите производители не им носат профит. Компаниите често и од маркетинг причини со години произведуваат еден автомобил со загуба.
Иако од почетокот беа свесни дека „Veyron“ ќе се продава значително под цента која би донела профит, во „Volkswagen“ одлучија на купувачите во 2005-та да им го понудат хиперавтомобилот на „Bugatti“ се со цел да ја покажат својата технолошка супериорност.
Меѓутоа, „Veyron“ не е единствениот модел на кој најголемиот германски производител губи пари. Секој примерок на луксузната лимузина „Phaeton“, која се произведува од 2002-та година, на „Volkswagen“ му носи загуба од околу 28.000 евра.
На моделот „Vel Satis“, „Renault“ во просек губеше околу 19.000 евра на еден примерок, додека компанијата „Peugeot“ со секое возило со ознаката „1007“ имаше загуба од околу 15.500 евра. Моделот „A2“ на „Audi“ губеше околу 7.600 евра по автомобил.
Во глобала гледано, најголема загуба со еден автомобил имаше компанијата „Daimler“. Меѓутоа не станува збор за „Mercedes“, туку за „Smart“ кој на „Daimler“ во периодот од 1995-2006-та му донесе загуба од 3.37 милијарди евра.
Потоа следи моделот „Stilo“ (2001-2009.) поради кој „FIAT“ забележа загуба од 2.12 милијарди евра, а на третото место се најде „Volkswagen“ кого авантурата со моделот „Phaeton“ досега го чинеше 2 милијарди евра помалку во касата.