30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе отстрануваат барикадите на Косово: Отворен преминот Мердаре

Се отстрануваат барикадите на Косово: Отворен преминот Мердаре

Договорот за отстранување, кој треба да започне во рок од 48 часа, е постигнат синоќа по разговорите на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претставници на Србите од Косово.

Барикадата, каде што имаше најмногу луѓе во изминатите три недели, од утрово е пуста. Станува збор за Мало Рударе, односно главниот пат, кај Крст. Токму овој крст беше поставен за време на барикадите во 2011 година.

Претседателот на Србија неделава најави дека ќе направи се што може за луѓето од Северот да го прослават Божиќ дома.

Преминот Мердара, кој косовската полиција завчера го затвори поради блокада од српска страна, повторно е во функција, потврди косовската полиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП