Британскиот производител „Keating Supercars“ го претстави прототип моделот „Bolt“ со кој го најавуваат доаѓањето на производната верзија.
Овој модел има алуминиумска рамка и каросерија изработена од карбонски влакна, што на возилото ќе му овозможи да има вкупна маса помеѓу 990 и 1200 кг.
Автомобилот би требало да го придвижува 7,0 V8 (LS7) мотор на „GM“ со снага од околу 477 kW, односно 648 KS, a од „Keating“ најавуваат и верзија со снага од околу 596 kW, односно 810 KS. Со овој мотор автомобилот би требало до 100 km/h да забрза за околу 2 секунди, а заинтересираните купувачи за овој модел ќе треба да одвојат околу 900.000 евра.
Од „Keating“ велат дека со верзијата со „bi-turbo“ имаат во план да го соборат светскиот брзински рекорд за производни автомобили. Тие најавуваат дека ќе ја достигнат брзината од преку 547 km/h, но додека не го видиме тоа, нема да веруваме!
Засега не е познато кога ќе може да се очекуваат првите испорачки или најавениот напад на рекордот.