1 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЦЕЛО СЕЛО ДОБИ НА ЛОТАРИЈА: Освоиле 143 милиони евра

ЦЕЛО СЕЛО ДОБИ НА ЛОТАРИЈА: Освоиле 143 милиони евра

На северот од Белгија, 165 луѓе во селото Олмен освоија 142.897.164 евра на лотаријата EuroMillions оваа недела, најголемата групна добивка во Белгија досега.

Портпаролот на EuroMillions изјави за Ројтерс дека е првпат голема група да освои толку многу пари, при што се проценува дека секој поединец добива речиси 900.000 евра без данок.

Селото Олмен има вкупно 3.785 жители, според последните податоци од 2020 година, а Ројтерс пренесува дека победниците се од различни сфери и возрасти.

EuroMillions е игра на среќа на националната лотарија која се организира во соработка со лотарии од Шпанија, Португалија, Ирска, Австрија, Швајцарија и Луксембург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП