Министерството за финансии денеска ќе додели одобренија на нови корисници на субвенциониран станбен кредит во рамки на проектот „Купи куќа, купи стан“.
Проектот се спроведува една година и досега 110 граѓани добија субвенциониран станбен кредит, при што се доделени 640 илјади евра субвенции од Владата. Најмногу, 10.048 евра субвенции добиле граѓаните кои зеле субвенциониран станбен кредит во висина од 50 илјади евра, преку моделот „Половина рата“.
Каматите на субвенционираниот станбен кредит се фиксни за првите пет години и тоа 4,99 проценти за првите три години и 5,49 проценти за четвртата и петтата година.
Граѓаните преку објавени јавни повици од страна на Владата годинава можат да аплицираат за субвенционирани станбени кредити до 31 мај.