Некогаш нути броењето на овци, ниту топлата купка, па ни чашата млеко не ви помагаат да потонете во сон...
Следниот пат пробајте ја техниката за дишење која ја измисли д-р. Андрев Веил од Харвард, а се сведува на длабоко дишење кое помага во опуштањето на мускулите и ослободување на мислите од стрес. Методата делува за само 60 секунди, така што веднаш ќе почувствувате како ви се приспива. Освен за лесно заспивање, техниката можете да ја користите и за смирување во стресните ситуации.
Заспиање за 60 секунди:
1. Издишете го целосно воздухот преку уста со гласно шушкање
2. Затворете ја устата, вдишете тивко воздух преку носот и во мислите бројте до четири.
3. Задржете го воздухот броејќи до седум.
4. Повторно издишете целосно преку устата со гласно шушкање и тоа нека трае осум секунди.
5. Вдишете и повторете го циклусот три пати за вкупно четири вдишувања.