30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија одобри фонд од 180 милијарди евра за забрзување на енергетската транзиција

Германија одобри фонд од 180 милијарди евра за забрзување на енергетската транзиција

Германија ги одобри плановите за специјалниот владин „фонд за клима и трансформација“ да инвестира 177,5 милијарди евра во следните четири години за да се забрза транзицијата кон економија која е почиста и помалку зависна од Русија за снабдување со енергија.

Следната година треба да се инвестираат 35,4 милијарди евра, а околу две третини од парите, или речиси 17 милијарди евра, ќе бидат искористени за пренамена на постари згради во поефикасни енергетски, соопшти во Министерството за економија. Парите ќе дојдат од приходите од цените на јаглеродот и сопствените резерви на фондот и нема да влијаат на федералниот буџет.

Министерот за финансии Кристијан Линднер рече дека руската инвазија на Украина го прави „уште поважно и поитно“ да се заложи за проширување на обновливите извори на енергија, намалување на емисиите од индустријата, создавање сектор на водород и промовирање на електрични автомобили. Субвенцијата за енергетски ефикасни згради ќе биде насочена кон реновирање на постојните објекти и повеќе нема да биде достапна за новите згради, додаде тој.

„Специјалниот фонд за клима и трансформација е еден од најважните финансиски инструменти за заштита на климата и модернизација на економијата на нашата земја“, рече Линднер на прес-конференција во Берлин.

„Bloomberg“ ги наведува главните точки договорени во средата од германскиот кабинет пред планот да биде испратен на одобрување во парламентот.

– Вкупно 56,2 милијарди евра до 2026-та година за создавање на енергетски поефикасни згради;

– Околу 20 милијарди евра за проширување на водородниот сектор и намалување на штетните емисии од индустријата;

– Околу 3,4 милијарди евра за промоција на системи и процеси за енергетска ефикасност;

– Околу 3,8 милијарди евра за подобрување на ефикасноста на системите за греење.

Планот, исто така, ќе го намали оптоварувањето на домаќинствата и компаниите од високите цени на енергијата за 48 милијарди евра, кои ќе бидат искористени за укинување на данокот за финансирање на проширувањето на обновливите извори на енергија, соопшти Министерството за економија.

Засега, Линднер стои на својот план да го врати уставното ограничување на новите заеми следната година и покрај тековните ефекти од пандемијата на коронавирус и зголемените последици од војната во Украина. Ограничувањето, познато како должничка кочница, беше укинато во изминатите три години.

Во вторникот, владата објави дека ќе ги намали дарежливите субвенции за електричните автомобили од следната година и ќе се фокусира на помали, поевтини модели. Според планот договорен во средата, следната година од фондот за субвенционирање ќе бидат ставени на располагање 2,1 милијарди евра и 1,3 милијарди евра во 2024-та година.

„Со оглед на милијардите профити за автомобилските компании, таквите субвенции повеќе не се неопходни“, рече Лионднер, долгогодишен противник на мерките. Тој додаде дека „се потпира на пазарот за да обезбеди поттик за да ги направи ЕВ подостапни преку конкуренција“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП