30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДваесет и петти ден од нападот на Украина

Дваесет и петти ден од нападот на Украина

– Руските сили го бомбардираа уметничкото училиште во Мариупол, каде се засолниле 400 жители, соопшти градскиот совет.

– „Русија веројатно ќе продолжи да користи тешка огнена моќ во нападите врз урбаните области, бидејќи се обидува да ги ограничи своите и онака значителни загуби“, се наведува во најновата проценка на британското Министерство за одбрана.

– Некои сириски паравоени сили велат дека се подготвени да се приклучат на борбите во Украина за поддршка на нивниот сојузник Русија, но дека сè уште не добиле инструкции каде да одат, изјавија двајца нивни команданти за Ројтерс.

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската опсада на пристанишниот град Мариупол е „терор што ќе се памети со векови што доаѓаат“, пренесува Ројтерс.

– Руските војници наводно запреле конвој автобуси што патувал кон Мариупол за да ги евакуираат жителите, пишува киевски „Индепендент“.

Весникот наведува дека конвојот бил запрен на неколку километри од Бердјанск и не му бил дозволен влез на градската граница, а на возачите не им било дозволено да преноќат.

– Повеќе од 6.600 Украинци беа евакуирани од опколените градови во саботата преку осум хуманитарни коридори, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Илјадници жители на Мариупол, против нивна волја, беа однесени во Русија, каде што беа „пренасочени“ во далечните градови во Русија, соопшти градскиот совет на Мариупол.

– Министерството за одбрана на Велика Британија објави дека Русија сè уште не успеала да ја преземе контролата над небото над Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП