30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Samsung“ очекува силна година за својот бизнис со чипови

„Samsung“ очекува силна година за својот бизнис со чипови

Јужнокорејската технолошка компанија „Samsung Electronics“ очекува нејзиниот оддел за чипови и компоненти да има силни перформанси во оваа година бидејќи планира да ги зголеми испораките.

Последново ќе го постигне со подобрување на своето работење на тешкиот глобален пазар, најави новиот ко-извршен директор Кјун Кје-хјун за време на годишното собрание на акционери, пренесува „Reuters“.

Бизнисот со полупроводници и компоненти се очекува да ја надмине прогнозата за раст од 9% на глобалниот пазар на чипови, рече директорот, кој е и раководител на единицата. Тој не откри повеќе детали.

Кун вели дека бизнисот за производство на чипови на „Samsung“ ќе бара нови клиенти во Кина, каде што очекува силен раст на пазарот и ќе се фокусира на зголемување на капацитетот за снабдување преку подобрување на работењето во погоните на компанијата.

Покрај тоа, технолошкиот гигант ќе го подобри начинот на кој ги исполнува нарачките за производство на чипови во ветувачки области како што се вештачката интелигенција и компјутерите со високи перформанси, додаде тој.

Според него, „Samsung“ сака да ги подобри и профитабилноста и понудата преку оптимизирање на работата на своите производни линии и да продолжи да ги подобрува процесите во своето масовно производство.

Глобалниот недостиг на чипови и компоненти поради ограничениот производствен капацитет, во комбинација со бум во побарувачката на чипови за сè, од паметни телефони до автомобили, доведе до зголемени инвестиции од страна на владите и производителите на полупроводници. Иако се планира лансирање на нови производни линии, тие ќе бидат факт дури за неколку години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП