Чувствувате константен замор и колку и да спиете на вас никогаш не ви е доволно тоа. Обезбедете ги овие хранливи состојки и започнете го денот полни со енергија. Доколку имате и анемија, тогаш оваа комбинација од здрави намирници дополнително ќе ви помогне.
Направете си го овој оброк кој ќе ви ја врати енергијата, а еве што се ви е потребно за него. Сите состојки можете да ги пронајдете во продавниците за здрава храна
– 200 гр овесни снегуки
– 100 гр пченични снегулки
– 100 гр сушено манго
– 50 гр стапчиња од ѓумбир
– 2 лажици мед од багрем
– 500 гр обичен јогурт
– 150 мл млеко
– 50 гр чипс од кокос
Во чинија сипете ги овесните снегулки и пченичните снегулки. На парчиња исецкајте го сушеното манго и стапчињата ѓумбир.
Во друг сад измешајте го медот од багреми, обичниот јогурт и млекото.
На крај, мешавината од овесни и пченични снегулки помешајте ја со мешавината од јогурт и додадете го кокосовиот чипс.
Ќе добиете здрав оброк за целото семејство, уживајте!