30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија останува европски шампион во автоматизација (ИНФОГРАФИК)

Германија останува европски шампион во автоматизација (ИНФОГРАФИК)

Германија повторно е европски шампион во автоматизација за 2020-та година: според Меѓународната федерација за роботика (IFR), Германија има 371 индустриски роботи на 100.000 вработени. Шведска е втора на Стариот континент со 289 единици, а европскиот просек е 123.

На глобално ниво, Германија е на четвртото место по густина на роботи по Јужна Кореја (932) – далеку пред Сингапур (605) и веднаш по Јапонија (390).

33% од сите роботи произведени во Европа се дизајнирани за Германија, а вкупно 38% од сите европски индустриски роботи се користат во Германија.

„Густината на роботите е многу важен показател за следење на разликите во нивоата на автоматизација меѓу економиите“, рече претседателот на „IFR“, Милтон Гери, индустријата – од 101 единица на 100.000 вработени, што ја рангира на 24-то место.

Глобалниот просек во 2020-та година е малку повисок отколку во Европа – 126 роботи на 100.000 вработени. Ова значи дека густината на роботите е речиси двојно зголемена за пет години – од просечните 66 роботи во 2015-та година.

Кина се развива најдинамично во овој поглед. Втората по големина економија во светот забележа силен раст од 49 единици во 2015-та година на 246 единици во 2020-та година, ставајќи ја Кина на деветтото место во светот по Тајван (248 единици) и САД (255 единици).

Во САД, модернизацијата на локалните производствени капацитети ја зголеми продажбата на роботи во последниве години, се вели во извештајот.

Продажбата на нови индустриски роботи порасна малку за 0,5% ширум светот за време на кризата во 2020-та година. Бројот на индустриски роботи во фабриките ширум светот достигна рекордни 3 милиони единици, објави „IFR“ кон крајот на октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП