30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчката Агенција за приватизација ќе распише седум нови тендери за продажба на...

Грчката Агенција за приватизација ќе распише седум нови тендери за продажба на државни акции

Thessaloniki port pic

Грчката Агенција за приватизација следниот месец ќе распише седум нови тендери за продажба на државни акции, објави денеска весникот „Нафтемборики“.

Се очекува да бидат дадени на продажба пристаништата во Патра и во Солун, а подоцна ќе бидат објавени тендери и за продажба на десет регионални пристаништа, водостопанството ЕВДАП и железничкиот оператор ТРЕНОСЕ.

Агенцијата за приватизација бара начин и за забрзување на продажбата на компанијата за гас ДЕПА, откако претходниот тендер пропадна во јуни, кога единствен понудувач руската компанија „Газпром“ се повлече под притисок од Брисел.

Грција во согласност со договорот со меѓународните кредитори треба да собере 2,5 милијарди евра од продажба на државните акции до крајот на година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП