1 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГолема студија открила: Луѓето кои ја практикуваат оваа исхрана имаат помала веројатност...

Голема студија открила: Луѓето кои ја практикуваат оваа исхрана имаат помала веројатност да заболат од ковид-19

Со години е познато дека медитеранскиот начин на живот и исхрана е исклучително здрав. Исхраната полна со овошје, зеленчук и риба, лабаво темпо и многу дружење имаат корисен ефект врз здравјето и долговечноста.

Но, неодамнешната објавена голема студија која ја направија истражувачите од Харвард, Кингс колеџ во Лондон и компанијата Зое, во која беа вклучени скоро 600.000 возрасни лица, откри уште една добра страна на овој вид живот и исхрана.

Медитеранската исхрана е таа која може да го намали ризикот од зараза со ковид-19, а доколку се појави, го намалува ризикот од развој на сериозна форма на болеста.

Истражувачите ги споредиле симптомите пријавени од заболените од КОВИД-19 и нивните навики во исхраната. Тие заклучија дека оние кои јаделе медитеранска храна богата со овошје, зеленчук и риба имаат 10 проценти помали шанси да развијат КОВИД-19. Тие исто така имале 40 проценти помали шанси да развијат сериозни форми на болеста, во споредба со оние кои јаделе поинаква храна. Дури и кога научниците зеле предвид други фактори како што се носење заштитна маска или вежбање, процентите останале исти.

Во студијата, која сè уште не поминала стручна рецензија, научниците истакнале дека здравата исхрана влијае и на здравјето на дигестивниот систем и на поголем дел од здравите микробиоми, бактерии кои живеат во дигестивниот систем. Токму овие бактерии во неколку студии се поврзани со посилен имунолошки систем и помал ризик од заболување од ковид-19 и други болести.

Интересно, истражувачите во студијата заклучија дека она што луѓето го јадат е директно поврзано со други фактори, како на пример каде живеат и колку пари заработуваат. Така, луѓето кои живеат во посиромашни делови се изложени на поголем ризик од заразување со ковид-19 затоа што имаат на располагање помалку пари, јадат помалку, вежбаат помалку и се принудени да продолжат да работат за време на пандемија за да продолжат да заработуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП