Направете едноставен народен лек кој ќе ги елиминира здравствените тешкотии предизвикани од бактерии.
А за тоа ви се потребни следните состојки:
– 250 гр корен од магдонос
– 2 лимони со кора
– 200 гр мед
– 2 децилитри маслиново масло
Подготовка:
Измијте го коренот од магдоносот, па потоа сомелете го. Истото направете го и со лимонот.
Измешајте ги магдоносот и лимонот, па во нив додадете го медот и маслиновото масло.
Кога се добро ќе измешате, добиената смеса ставете ја во чиста тегла.
Употреба:
Земајте по една голема лажица пред појадок и една пред вечера.