6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД Скопје наместо дивиденда, акумулирана добивка

Стопанска банка АД Скопје наместо дивиденда, акумулирана добивка

Стопанска банка АД – Скопје оствари добивка во износ од 1.979.852.057,00 денари, утврдена во Билансот на успех за 2020 година.

Собранието на акционери, по предлог на Надзорниот одбор да донесе одлука, добивката за 2020 година да се распределува на следниот начин:

  • Задржана добивка за инвестиции ограничена за распределба на акционерите во износ од МКД 1.045.500.000,00 , и
  • Задржана добивка за инвестиции во износ од МКД 934.352.057,00 .
  • Дел од добивката во износ од МКД 1.045.500.000,00  треба да се распредели во задржана добивка за инвестиции, во материјални и нематеријални средства и за проширување на деловните активности на Банката, со што истата ќе биде ограничена за распределба на акционерите во иднина, и ќе го зголеми капиталот на Банката. Со издвојување на дел од добивката во задржана ограничена добивка, Банката има право за намалување на данокот на добивка во согласност со Законот за данок на добивка. Со тоа, Банката има право на намалување на даночната основа за искористениот износ за инвестирање и на тој начин има право на помал данок на добивката при изготвување на Даночен биланс за годината 2021.

Износот  од МКД 1.045.500.000,00 нема да биде расположлив за исплата на дивиденда на акционерите во иднина (ограничена за распределба на акционерите), и како таков во согласност со важечката регулатива на Народната банка, има третман на основен капитал на Стопанска Банка АД-Скопје.

  • Останатиот дел од добивката, во износ од МКД 934.352.057,00 , ќе се распредели во задржана добивка за инвестициони цели во материјални и нематеријални средства за проширување на деловните активности на Банката. Со распоредување на дел од добивката во задржана добивка, Банката има право за намалување на данокот на добивка во согласност со Законот за данок на добивка. Со тоа, Банката има право на намалување на даночната основа за искористениот износ за инвестирање и на тој начин има право на помал данок на добивката при изготвување на Даночен биланс за годината 2021.

Овој износ на добивка нема да биде вклучен во сопствените средства  на Банката и во пресметката на адекватноста на капиталот. Во случај, Банката, да не ја реализира инвестицијата, со посебна одлука ќе го распредели овој дел од добивката во задржаната добивка што може да се распредели во иднина.

Задржаната добивка за инвестирање од 2019 година на износ од МКД 1.582.792.260,00 требаше да се искористи во развојни цели и инвестирање во материјални и нематеријални средства за проширување на основната дејност на Банката. Поради тоа што споменатиот износ од МКД 1.582.792.260,00 не беше искористен за инвестирање во 2020 година, со оваа Одлука, Собранието на акционери изврши пренамена од задржана добивка за инвестирање во задржана добивка расположива за распределба на акционерите во иднина, врз основа на одлука од страна на Собранието на акционери. Овој износ на добивката нема да биде вклучен во сопствените средства на Банката и во пресметката на адекватноста на капиталот, и Банката соодветно ќе ја евидентира оваа Одлука во својата книговодствена евиденција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП