Хељдата се нарекува храна за гении или, пак, храна за студенти, бидејќи е мошне здрава за мозокот, а го регулира и крвниот притисок.
Оваа диета опфаќа консумирање на каша од хељда, која се подготвува на специфичен начин.
Се прелева вода врз излупеното, иситнето зрно и се остава да отстои преку ноќта, за да набабри.
Кашата се јаде студена, бидејќи не смее да се вари, да се соли и да се зачинува.
Таа се консумира неограничено 7-10 дена, при што можат да се изгубат 6-7 килограми.
Во една друга варијанта на оваа диета се дозволува кашата од хељда да се комбинира и со:
1л немасен кефир дневно, 1-2 кисели јаболка и не смее да се јаде после 18 часот.