Социјалната мрежа Фејсбук ќе додаде ознаки со информации од Светската здравствена организација (СЗО) на објавите за вакцините со цел да се спречи ширењето на дезинформации.
Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, денес изјави дека ознаките ќе содржат „веродостојни информации“ за вакцините на СЗО и дека тие ќе бидат достапни на англиски и на уште пет други јазици, а во следните недели ќе бидат додадени повеќе јазици.
„На пример, ќе додадеме ознаки на објавите во кои се дискутира за безбедноста на вакцините за коронавирус, во кои се наведува дека тие вакцини минуваат тестови за безбедност и ефикасност пред да бидат одобрени“, рече тој
Исто така, корисниците ќе имаат пристап до информации за тоа каде и како можат да се вакцинираат.
Фејсбук и Инстаграм беа критикувани затоа што дозволија ширење на пропаганда против вакцинацијата, бидејќи споро ги отстрануваа дезинформациите