Овие листови имаат детоксикациско делување на црниот дроб и целото тело, а богати се и со низа други минерали кои позитивно делуваат на целиот организам, како и на спречувањето на развојот на тумори.
Оваа здрава намирница би требало максимално да ја искористите. Освен самиот плод, и листовите од морковите се исто така многу корисни. Тие се богат извор на витамини и минерали. Кога станува збор за лековитите својства, овие листови се дури полековити од самиот корен, односно морковот.
Листовите содржат повеќе витамин Ц од коренот и повеќе витамин К отколку било кој друг зеленчук. Имаат детоксикациско делување на црниот дроб и целото тело, а богати се и со низа други минерали кои позитивно делуваат на целиот метаболизам, како и на спречувањето на развојот на тумори. Имаат антисептичко делување и ефикасни се против лошиот здив, воспалението на непцата и при забоболка.
Листовите од моркови можете да ги користите и во салати и омлети. Чајот од листови од моркови е одличен за чистење на организмот. Со оглед на лековитото делување, листовите од моркови се користат и во сокови. Младите листови одлично одат и покрај јаболка и останато овошје.
Состојките кои ви се потребни за сокот за детоксикација: Неколку млади стебленца листови од моркови, 2 парчиња овошје (јаболко, крушка), 2 чаши вода
Сите состојки помешајте ги во блендер и испијте го свежо направениот сок.