30 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзлезе спотот за Маска, песната на Мијата(ВИДЕО)

Излезе спотот за Маска, песната на Мијата(ВИДЕО)

Денес официјално излезе видео записот за песната Маска која ја изведува Мијата.

Оваа песна стана дел од радискиот етер уште пред еден месец а сеgа се здоби и со спот. Покрај автор на музиката и текстот на песната Маска, Мијата се јавува и како режисер на ова уникатно видео издание.

Додека аудиото соработката беше со Дамир Пух и Наташа Миха, за видеото да биде како што е голема заслуга имаат танчерките од денс студиото Dancers United, и нивната кореографка Сара Кочан.

Сниматели се Сашо Доковски и Тони Стојановски, а монтажата и постпродукцијата се на Били од Artistic Production.

Мијата неизмерно смело настапува во своите творби како музички /текстуално така и визуелно.

На својата фејсбук страница таа напиша:

„Драги мои, повелете уште едно видео издание – овој пат официјалниот спот за песната ~МАСКА~.Ова е мое самостојно режисерско деби и целиот процес на реализација ме одведе во нови познанства, соработки и искуства.Бескрајно сум благодарна на сите од тимот што овозможија да се реализира мојата визија. Јас уживав во правењето… Сега задоволството е заедничко… 💜❤️💜“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП