Исхраната треба да ја менувате со текот на годините, тоа го знаат веќе и врапчињата на гранка. Она за што треба да водите сметка е на својот организам секогаш да му обезбедите добар и доволен енергетски баланс за да останете здрави и силни.
Пубертет
Калциумот е од голема важност за коските на адолесцентите – во бројки тоа изнесува 1300 мг дневно, а потребен е и додаток од витамин Д. Водете смета за внесот и потрошувачката на калории.
20 и 30
Во овие години обврските нагло се таложат, нередовно јадете, па затоа избирајте повеќе овошје, зеленчук и влакна.
Барем две овошја дневно, 400 грама зеленчук и 200 грама житарки треба да бидат вашиот избор. Што се однесува на протеините, 100 грама по оброк се доволни.
40 и 50
Со влезот во средните години жените се соочуваат со големи хормонски промени. Важно е да јадете што повеќе храна која содржи антиоксиданси. Треба да внимавате на внесот на калории поради забавувањето на метаболизмот и намалувањето на физичката активност.
60 и 70
Клуч за здравјето се протеините. Причина зошто тие сега се важни е брзото опаѓање на мускулната маса во овие години. Со протеините потребен е и калциум.