30 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 12-13.12.2020

Викенд хороскоп 12-13.12.2020

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе и бидете максимално посветени на својата работа, викендов е добар период за остварувања на овој план. Некое ново познанство во вас пробудило симпатии и радозналост.

Бик (21.04 – 21.05)

Викендов ќе сакате да сработите се што ви заостанало и никој нема да може да ве предомисли во тоа. Во љубовта можно е од некоја причина да бидете незадоволни или разочарани и ќе ви биде тешко да се изборите со тоа.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Можете да очекувате прилика за дополнителна заработка. Пред вас е генерално поволен викенд. Во љубовта нема да ви цветаат рози, но ќе успеете некако ситуацијата да ја доведете до нормален тек, намалете ја љубопитноста.

Рак (22.06 – 22.07)

Доколку дадете се од себе ќе успеете да решите некои проблеми кои сте ги имале во комуникацијата со соработниците. Во љубовта ви се допаѓа личност која не ја познавате доволно и се плашите да и пријдете.

Лав (23.07 – 22.08)

Можете да очекувате многу успешен викенд кога станува збор за работата. Со насмевка на лицето ќе ги завршите сите обврски. Ви се допаѓа личност која е многу посебна и оргинална.

Девица (23.08 – 22.09)

Некој од вашите соработници многу ќе ви помогне околу тоа да постигнете деловен успех. Заблагодарете му се. На слободните ќе им се допадне некој во знакот на Лав.

Вага (23.09 – 22.10)

Можете да очекувате позитивен исход од било која ситуација викендов. Среќата е на ваша страна. Во љубовта сега е вистинскиот момент со саканото лице да разговарате за сериозните планови за иднина.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Патувањето може да ви донесе некои нови можности на деловен план и добри идеи за започнување на бизнис. Доколку сте слободни пред вас е многу добар период за нови нешта во љубовта.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Можете да очекувате променлива состојба на полето за работа. Ќе биде турбулентно и динамично. Доколку сте претерано љубоморни ќе се одалечите од саканото лице.

Јарец (22.12 – 20.01)

Некои нови деловни проекти доаѓаат накај вас, обидете се да ги дочекате подготвени. Во љубовта можете да очекувате интересна ситуација во односот со саканото лице. Ќе постојат некои силни емоции.

Водолија (21.01 – 19.02)

Може да ви се случи нешто да заборавите или некаде да задоцните, во секој случај некој мал пропуст е можен. Во љубовта ве очекува флерт со лице кое доаѓа од странство.

Риби (20.02 – 20.03)

Можно е некако лесно да дојдете до заработка или да успеете да земете пари од игрите на среќа. На слободните им се ближи почеток на нова љубовна врска, во која ќе мора да бидат посериозни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП