2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„BP“ купува oд „Equinor“ американски активи за енергија од ветер за 1,1...

„BP“ купува oд „Equinor“ американски активи за енергија од ветер за 1,1 милијарда долари

Британската нафтена компанија „BP Plc“, која минатиот месец најави промена во својата деловна стратегија, ги презеде првите чекори за развој на својот бизнис со ветер во странство, купувајќи американски средства во вредност од 1,1 милијарда американски долари од норвешкиот „Equinor ASA“, пренесува „Bloomberg“.

Договорот претставува почеток на инвестициско партнерство во секторот и регионот за двете компании, кои се најдоа во првите редови на брзите промени во нафтената индустрија, бидејќи главните играчи во оваа област се обидуваат да се прилагодат на борбата против климатските промени.

„ВР“ ги презеде досега најсмелите чекори за укинување на основната дејност со нафта. Само шест месеци по обврската, извршниот директор Бернард Луни во август рече дека ќе го намали производството на нафта и гас за 40% во следната деценија и ќе потроши до 5 милијарди долари годишно за изградба на една од најголемите компании за обновлива енергија во светот.

Британскиот концерн ќе добие 50 процентен удел во операциите во „Empire Wind“ и „Beacon Wind“, лоцирани во Њујорк, соодветно. Од своја страна, „Equinor“ ќе ги задржи преостанатите 50% во обете компании и ќе продолжи да работи како оператор.

Норвешката компанија, контролирана од владата на земјата, е убедливо најагресивниот нафтен гигант во однос на енергијата од ветер во странство, обидувајќи се да извлече корист од своето искуство во работењето на големи индустриски офшор-проекти.

Минатата година, „Equinor“ продаде половина од својот удел во фарма со ветерници близу Германија, враќајќи ја почетната инвестиција. „Bloomberg“ исто така објави дека компанијата е во разговори за намалување на својот удел во она што се предвидува да биде најголемата офшор фарма на ветер во светот во близина на Велика Британија.

„Equinor“ го засили својот фокус на климата претходно оваа година, а новиот извршен директор Андерс Опедал вети дека ќе ја засили транзицијата кога тој ја презеде функцијата во ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП