30 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕУмерено консумирање на пиво придонесува за спречување на некои болести

Умерено консумирање на пиво придонесува за спречување на некои болести

Речиси од самите почетоци пивото се смета за пијалок, лек, храна и средство кое опушта. Овој древен пијалок преживеа до денеска со својот изворен, природен облик и со право по чајот е најраспространет пијалок на светот. Благото опуштање и смирувачкиот ефект од алкохолот од пивото позитивно влијаат на нивото на стресот и болестите, а тоа сега и научно е докажано!

За производство на пиво се користат четири природни состојки, вода, слад, хмељ и квасец, што е во склад со Законот за чистотата на пивото кој потекнува од далечната 1516-та година. Според тој Закон, за производство на пиво може да се користи само слад, хмељ и вода, а подоцна оваа листа е дополнета со пивски квасец, за кој претходно не се знаело.

Во последните 30 години научниците говорат во прилог на тоа дека умерената конзумација на алкохолни пијалоци ја намалуваат стапката на смртност, особено кога станува збор за кардиоваскуларните болести. Со откривање на бројни супстанци кои природно се наоѓаат во пивото, и овој омилен пијалок се најде во центарот на интерес на бројни научници. Низ студијата е покажано дека умерената конзумација на пиво може да допринесе до превенција од остеопороза, дијабетис тип 2, кардиоваскуларни болести и когнитивните слабеења во староста.

Не треба да се занемари ни опуштањето од влијанието на алкохолот и хмељот, како постепеното намалување на стресот, што игра важна улога во развојот на болестите на денешницата кои се поврзани со животот. Новите откритија за влијанието на пивото во животниот век ги објавија и научници од Израел. Во студијата на квасецот докажаа дека мали количини на пиво може да влијаат поволно на теломерите.

Теломерите се составен дел од хромозомите (гените) чија низа се рефлектира на траењето на животниот век. Ова знаење е уште еден дел од сложувалката за позитивните ефекти од умереното конзумирање на пиво забележени на ниво на популацијата, како и во студиите со животни и „in vitro“ студии. Молекулите со потекло од пивото се препознаени како материи за поволни ефекти на здравјето, а тоа се антиоксидансите, минералите, витамините, влакната, полифеноли, фитоестрогени и алкохол.

Сите овие супстанции синергетски потпомагаат во корисните и добро познатите ефекти на малата доза на алкохол. Тој има корисен физиолошки ефект на телесните ткива и функции, а ефектот се темели на благо опуштање и смирувачки ефект, кој влијае на нивото на стрес, а со тоа ги намалува болестите кои можат да се предизвикаат од стресот. Уште еднаш треба да се предупреди дека сите овие позитивни страни се манифестираат при умерена конзумација кај здравите луѓе, што изнесува 3 – 6 dl пиво за мажите и до 3 dl дневно за жените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП