30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНето загубата на General Motors во вториот квартал 758 милиони долари

Нето загубата на General Motors во вториот квартал 758 милиони долари

Компанијата General Motors забележа нето загуба во вториот квартал од 758 милиони долари, или 56 центи по акција, во однос на профитот од 2,4 милијарди долари или 1,66 долари за акција во истиот период во 2019 година.

На прилагодена основа, негативниот финансиски резултат изнесува 806 милиони долари, а кога се исклучуваат еднократните ставки загубата изнесува 50 центи по акција, додека аналитичарите очекуваа загуба од 1,77 долари по акција, пренесува Reuters.

Главниот финансиски директор на GM, Дивија Сурјадевара, на прес-конференција изјави дека доколку економијата на САД продолжи да се опоравува од корона кризата и доколку нема нови прекини во производството во автомобилската индустрија, компанијата може да генерира доволно пари за да го отплати заемот од 16 милијарди долари до крајот на годината.

Американскиот производител на автомобили бр.1 не изнесе прогноза за заработката за цела година, но истакна дека во билансот на состојба на крајот на вториот квартал има 30,6 милијарди долари во готовина.

Сурјадевара изјави дека GM би требало да ја врати риволвинг кредитната линија од 16 милијарди долари до крајот на 2020 година, што е акција која повторно зависи од продолжувањето на економското закрепнување и од тоа дали годишната продажба на нови возила на американската автомобилска индустрија ќе достигне 14 милиони единици оваа година.

Таа додаде дека во вториот квартал GM регистрирале знаци на закрепнување на прометот во својата малопродажба по пад од 35 проценти во април во однос на истиот месец во 2019 година, бидејќи тој пад во мај и јуни беше ублажен на 20 проценти.

Исто така изјави дека GM во текот на вториот квартал ги продала преостанатите акции во компанијата за споделување на возење Lift.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП