2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Италија воведено ново занимање - COVID менаџер

Во Италија воведено ново занимање – COVID менаџер

Пазарите на отворено во Италија отворија по два месеци пауза и оваа категорија на трговци претрпе огромни економски загуби.

Засега продажбата е ограничена на намирници бидејќи фазата два во Италија подразбира постепено и експериментално отворање.

Тезгите мора да бидат оддалечени и по два и половина метри, на пазарите има пристап на луѓето на кои прво им се мери температура, и мора да имаат маски и нараквици, кои доколку немаат, ги добиваат на лице место.

Од вкупно 94 нормално активни пазари во Милано, отворени се 26. Со отворањето на пазарите, воведена е нова фигура во форма на COVID менаџер.

Неговата задача во претходните денови беше планирање и организирање на активности. Од сега тој е присутен на лице место, каде го контролира почитувањето на сите регулативи и мерки за безбедност.

Тоа е ново занимање кое се појави за време на епидемијата од коронавирус.

Втората фаза во Италија предвидува воведување на оваа нова фигура, која на пазарите треба да одреди колку лица смеат да бидат присутни на тоа место (број на продавачи, број на тезги), се мери растојанието, се распоредуваат тезгите, се одредуваат влезовите и излезите…

Накратко, COVID менаџерот е координатор кој надгледува на италијанските пазари дека сè е направено, како што е предвидено со прописите.

Тој е исто така и лицето на кое му се обраќаат трговците ако дојдат до било каков проблем, некои критични ситуации, а тие се таму и за какви било забелешки или прашања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП