30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо наглиот пад почна раст на цените на нафтата

По наглиот пад почна раст на цените на нафтата

Утрово, светските цени на нафтата корективно растат за седум проценти по падот од 24-25 проценти во понеделникот поради непостоење на договор меѓу земјите на ОПЕК +.

Според податоците од 6.03 по средноевропско време, мајските фјучерси марка ,,Брент” пораснаа за 7,33 проценти на 36,88 американски долари за барел, а априлските фјучерси „VTI“ за 6,91 отсто, на 33,28 долари по барел. Во понеделникот, пад на котацијата достигна 30 проценти. За ,,Брент”, тоа беше најголемиот дневен пад од 1991 година.

Остриот пад е предизвикан од неизвесноста околу производството на суровини во земјите на ОПЕК +, откако земјите-учеснички на договорот во петокот на 6 март не успеаа да се договорат ни за промена на параметрите на договорот ни за негово продолжување.

Како резултат на тоа, од 1 април ниедна од членките на поранешниот сојуз нема да имаат обврска да го ограничат производството, а Саудиска Арабија според медиумските извештаи објави дека има намера да ја зголеми и да ја намали цената на нафтата.

Друг ризик за пазарот на нафта останува ширењето на коронавирусот во светот, бидејќи карантинските мерки поврзани со болеста негативно влијаат на производството, туризмот и синџирот на снабдување. Аналитичарите стравуваат дека коронавирусот би можел да го спречи глобалниот економски раст, што ќе влијае на побарувачката за нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП