30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHerbalife: Сочувавме силна позиција на пазарот и остваривме значителен раст

Herbalife: Сочувавме силна позиција на пазарот и остваривме значителен раст

Случајот 2016 година влијаеше на зачувување на силната позиција на Herbalife на пазарот, наведоа во демантот од оваа компанија, откако на регионални портали по грешка беше објавен архивски напис за нив.

„Написот се осврнува на темата, односно договорот за спогодба на компанијата Herbalife со Федералната комисија за трговија од 2016 година. Со оглед дека во прилогот не се наведува дека станува збор за случај од 2016 година, гледачите ги доведувате во заблуда затоа што веста подразбира дека случајот се случил сега. Покрај тоа, спротивно на наводите во прилогот, тогашните условите за спогодба не го сменија деловниот модел на Herbalife Nutrition како компанија која се занимава со директна продажба и поставување нови стандарди во индустријата. Денес, по 4 години, не само што можеме да потврдиме дека наведената одлука ќе му овозможи на Herbalife да ја задржи својата силна позиција на пазарот, туку и да постигне значителен раст и позитивно влијание врз економијата во секоја земја во која работи“, порачаа од Herbalife.

Како што додаваат во прилог на тоа говори и изјавата на тогашниот претседател и извршен директор на компанијата Мајкл О. Џонсон, кој истакнал: „Спогодбата не е само потврда дека нашиот деловен модел е исправен, туку ни овозможува да бидеме сигурни во нашата способност за успешно одење напред, во спротивно не би се согласиле со условите“.

„Иако Herbalife тогаш веруваше дека многу од тврдењата на FTC всушност се неточни, компанијата заклучила дека спогодбата е во нејзин најдобар интерес затоа што финансиските трошоци и нарушувањето на редовното работење ќе бидат значајни, а по повеќе од две години соработка на FTC истрагата, едноставно сакаше да оди напред. Покрај тоа, управувањето со компанијата тогаш можеше да ја насочи целата своја енергија на натамошен развој на работењето и истражување на стратешките деловни можности“, истакнато е во соопштението на Herbalife.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП