30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина инјектира 36 милијарди долари во финансискиот систем

Кина инјектира 36 милијарди долари во финансискиот систем

Кинеската централна банка инјектира околу 36 милијарди американски долари во домашниот финансиски систем.

Во изјавата на Централната банка се вели дека во финансискиот систем на земјата се инвестирани 250 милијарди јуани, со каматна стапка од 2,65 проценти.

Се тврди дека финансиска „инфузија“ на пазарот ќе донесе ликвидност на банкарскиот систем, пред пролетниот фестивал на 25 јануари, кога во Кина се слави Нова година.

Процесот е завршен преку „обратна репо аукција“ или со купување краткорочни обврзници од одделни трговски банки за позајмувачите да имаат повеќе пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП