30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолска врати повеќе од 100 тони златни резерви од Велика Британија во...

Полска врати повеќе од 100 тони златни резерви од Велика Британија во вредност од 4,7 милијарди долари

Полска врати од Велика Британија повеќе од 100 тони златни резерви во вредност од околу 18,3 милијарди злоти (4,7 милијарди долари), објави гувернерот на централната банка, Адам Глапински.

Златото е вратено од трезорот на британската централна банка (BoE), каде Полска по Втората светска војна ги зачува повеќето златни резерви.

Враќањето е организирано во осум пратки од по илјада лоста. Златото пристигна на аеродромите во Варшава и Познањ и потоа се транспортираше до трезорите на централната банка.

Полската централна банка во моментов има резерви од 228,6 тони злато, од кои во нејзините трезори има сочувано 105 тони.

Во 2018 и 2019 година, резервите според соопштението на централната банка се зголемени за 125,7 тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП