30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан одби над 30 милиони за Ел Шарави

Милан одби над 30 милиони за Ел Шарави

El Shaarawy (1)

Италијанскиот гигант Милан одбил понуда од над 30 милиони евра за Стефан Ел Шарави, откри потпретседателот на тимот Адријано Галијани, без да го именува клубот кој ја понудил оваа сума.

20-годишниот талент е следен од Манчестер Сити и Челзи во последниве недели. „Росонерите“ инсистираа на тоа дека нема да го продадат италијанскиот репрезентативец и Галијани потврди дека веќе ја откажале официјалната понуда за него.

„Она што не кажавме никому е дека отфрливме многу голема понуда за Ел Шарави, но никогаш нема да кажам од кој клуб. Тоа е многу важен тим“, изјави шефот на „росонерите“.

„Разговарав со Стефан, откако се врати од Купот на Конфедерации. Не сакавме да го продаваме, затоа едноставно му рековме дека оваа понуда е дојдена за него. Го прашав што сака да прави. Тој ми одговори дека парите што ги зема се повеќе од доволни, дека е фан на Милан и не сака да си замине“, откри Галијани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП