30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордно ниво на долгови: Една европска престолнина престанува со задолжувања

Рекордно ниво на долгови: Една европска престолнина престанува со задолжувања

Главниот град на Австрија, Виена од следната година сака да престане со нови задолжувања, откако достигна рекордно ниво на долгови.

Следната година, според министерот за финансии на пoкраините и градот Виена, Петер Хандке, планирано е и намалување на долговите за 182 милиони евра.

Тоа би бил прв нулта дефицит од 2008 година, откако се проценува дека нивото на задолженост на Виена оваа година ќе достигне 6,86 милијарди евра. Штедењето е планирано преку поголема административна ефикасност.

Виена во текот на изминатите 15 години порасна за цел град како Грац, а во администрацијата не дојде до зголемување на бројот на вработени, кој има околу 30.000, изјави Хандке.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП