30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмоќната европска економија потона во техничка рецесија

Најмоќната европска економија потона во техничка рецесија

Германија во вториот квартал потона во техничка рецесија. Бруто домашниот производ (BDP) во тој период падна за 0,1 проценти, објави Destatis.

Во вториот квартал до израз дојдоа сите негативни ефекти од трговската војна. Поради тоа придонесот на нето извозот e негативен.

Покрај тоа, германската економија во вториот квартал забележа и пад на градежните инвестиции.

Ова не е неочекувано, во својата последна проценка на расположението на германските потрошувачи, Ifo Institute го намали индексот на оптимизам за веќе негативни 2,1 во јуни на негативни 5,7 во јули, што е најниско ниво во последните седум години и прв пат ”економските песимисти“ во Германија ги надминаа оптимистите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП