30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛегендарната "буба" стигна на крајот од патот

Легендарната “буба” стигна на крајот од патот

Германскиот производител на автомобили Фолксваген оваа недела го завршува производството на својот последен модел на популарната “буба” во фабриката Пуебла во Мексико. АП вели дека тоа е “крајот на патот за возилото што во изминатите осум децении симболизираше многу историски работи”.

Првите примероци се симнаа од лентата во 1938 година. Како ретко кој друг автомобил, “бубата” го достигна својот култен статус и се здоби со многу фанови низ целиот свет.

“Буба” некогаш беше симбол на најмрачното минато на Германија, која по завршувањето на Втората светска војна, овој автомобил стана знак на економскиот развој на земјата и просперитетот за средната класа.

Популарниот автомобил се продаваше ширум светот и стана заштитен знак на хипи движењето во 1960-тите во САД.

Оригиналниот дизајн на автомобил беше дизајниран од австрискиот инженер Фердинанд Порше, кој беше ангажиран од Адолф Хитлер за проектот “национален автомобил”. Некои делови од автомобилот личат на чехословачката “Tatra T97” од 1937 година и цртежите на унгарскиот инженер Бела Барен, објавени во 1934 година.

Производството на “буба” во Волфсбург заврши во 1948 година, бидејки поновите модели како “голф” го презедоа пазарот. Сепак, ова не беше крајот на “бубата”, бидејќи производството беше префрлено во Мексико од 1967 до 2003 година.

“Новата Буба” се појави на пазарот под водство на Фердинанд Пиза, внука на Фердинанд Порше. Во 2012 година се појави и понова верзија на “буба”.

Последните 5.961 возила од “финалната серија” ќе бидат префрлени во музејот по церемонијата во Пуебла, која ќе го означи крајот на производството на “буба”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП