Европската унија ја повика Португалија да го одржи ритамот на реформите, по неочекуваната оставка на нејзиниот министер за финансии.
„Португалија се приближува кон последната етапа од својата програма за економска консолидација“, изјави европскиот комесар за економски прашања Оли Рен.
„Многу е направено во поглед на консолидацијата на јавните финансии, воспоставувањето на финансиска стабилност и усвојување на структурните реформи во полето на конкурентноста и отварањето на нови работни места“, додаде Рен.
Но, како што изјави, остануваат важни предизвици меѓу кои е намалувањето на високата стапка на невработеност.
„Поради тоа, од суштинско значење е да се одржи ритамот на реформите и да се овозможи сеопфатна помош за оваа програма, што ќе влијае на растот на довербата на меѓународната заедница во поглед на постигнување на тие цели“, изјави европскиот комесар.