Луксузната камп-приколка „The Opera“ на лицата кои ќе се одлучат да патуваат со неа им овозможува луксузно да уживаат. Оваа камп-приколка овозможува комфорно патување, практичност, но и луксуз истовремено.
Камп-приколката е лесна за отварање, нејзиното расклопување е автоматско, таа е опремена со кујна, бања, два кревета, работно биро и простор во кој можете да ги сместите сите потребни работи.
Кујната е целосно опремена, а креветите се прилагодуваат според вашите потреби. Од приколката можете да ја извлечете тендата која е долга 3 метри за да се заштитите од лошите временски услови. Со приколката доаѓа и скара, која можете да ја користите на жар или на гас.
Уживајте во вашето патување во природа, планина, на море или езеро, користејќи ја оваа луксузна камп-приколка чија внатрешност е опремена со квалитетни материјали, како што е дабовото дрво, памукот, медијапанот….