30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови претпријатија најмногу се создаваат во секторот трговија

Нови претпријатија најмногу се создаваат во секторот трговија

Трговијата на големо и мало и поправка на моторни возила и мотоцикли се најпривлечни сектори во кои се отвораат нови претпријатија. Податоците на Државниот завод за статистика покажува дека од новосоздадените 6.321 претпријатие 30,2 отсто се во овој сектор.

Привлечни сектори во кои се отворале претпријатија била и преработувачката индустрија со 10,7 отсто, стручни, научни и технички дејности со 10,6 отсто и објекти за сместување и сервисни дејности со храна со 10,3 отсто.

Најголем дел од новосоздадените претпријатија, односно 72,3 отсто се регистрирани како Друштва со ограничена одговорност и акционерски друштва.

Бројот на новосоздадени претпријатија во 2017 година претставуваат 9,2 отсто од вкупно активните претпријатија во земјата.

Статистичките податоци покажуваат дека во 2017 година има намалување на бројот на новосоздадени претпријатија.

Во 2017 година згаснале 8,5 отсто од вкупниот број активни претпријатија, односно 5.796. И кај згаснатите најголем дел 36,8 отсто се во секторот трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП