30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Антарктик откриен отпечатокок од стапало на диносаурус

На Антарктик откриен отпечатокок од стапало на диносаурус

Отпечаток со големина на рака стар близу 200 милиони години, го оставило животно од групата диносауруси, тврдат германските научници.

Научниците откриле фосилизирано стапало од диносаурус, стар близу 200 милиони години, за време на експедиција на Антарктикот. Откриеното стапало со големина на рака го оставило животно од групата Arhosaura, изјави германскиот Сојузен институт за геологија и природни ресурси (BGR) во северниот град Хановер.

Точниот тип на диносаурус засега не е јасен.

Archosaurs се главно фосилни групи на организми (под-класа) кој ги вклучува во редовите на Thecodontia и подредовите на Pseudosuchia (пониски влечуги), како и диносаурусите, Pterosaurs (летечки влекачи) и денешните крокодили.

Антартикот не бил леден континент

Научниците го откриле отпечатокот во јануари 2016 година во подрачјето на северниот дел на Викторија, но нивните наоди неодамна беа објавени во професионалното списание Polar Research.

Коски од диносаурус веќе биле откриени во јужниот дел на земјата, изјавил водачот на експедицијата BGR Андреас Лауфер, но во северниот дел досега ништо не е откриено.

“Тоа беше нешто што не очекувавме”, изјавил за откривањето на фосилизираниот отпечаток на стапало.

Покрај тоа, научниците откриле фосилизирани остатоци на шуми околу 1.700 километри од Јужниот Пол.

“Тоа покажува дека Антартикот пред околу 200 милиони години не бил леден континент како што е денес”, истакнал Лаеуфер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП