2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОвие фрази не треба да ги ставите во CV-то

Овие фрази не треба да ги ставите во CV-то

Студијата на New College ги објави најчестите фрази кои ги употребуваат луѓето кои се пријавуваат на огласите за работа.

Како што објави студијата, постојат и лица кои ставаат смајли и емотикони во CV-то, што шефовите знае сериозно да ги изнервира. Во продолжение прочитајте ги фразите кои ги има во речиси секое CV, како „тимски играч“ и „ентузијаст“ кои веќе ги нервираат работодавците.

„Добро се снаоѓам под притисок“, „Умеам сам да донесам одлукa“, „Тимски играч“, „Решавам проблеми“, „Одличен во комуникацијата со луѓе“, „Проактивен“, „Секогаш слушам совети“, „Вреден работник“.

Како што наведе Џејн Хефиц, експерт за CV, најважно е CV-то да почне со вовед кој има околу 20-30 карактери.

Таа наведе дека фразите кои постојано се употребуваат ги одбиваат компаниите и претприемачите, бидејќи истите фрази секојдневно ги читаат во речиси сите испратени биографии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП