30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGeneral Electric ги оддели своите софтверски решенија во самостојна компанија

General Electric ги оддели своите софтверски решенија во самостојна компанија

„General Electric“ создаде независна компанија за својот софтверски бизнис додека се справува со проблемите и размислуваше за она што беше главен дел од нејзината стратегија за раст во последниве години, пишува „Bloomberg“.

„GЕ“ ќе ја задржи сопственоста на новите операции, кои изнесуваат околу 1,2 милијарди долари од постојните приходи од софтверот, се вели во соопштението на компанијата.

Директорот Бил Бил Ру на „GE Digital“ ќе се повлече за „следење на други опции“ како дел од промените.

Компанијата одлучи да продаде мнозински удел во „ServiceMax“, продавачот на софтвер што го купи пред две години за 915 милиони долари. Договорот е со технолошката инвестициска фирма „Silver Lake“. Сепак, условите од договорот не се обелоденети.

Потегот претставува голема промена во дигиталната стратегија на „GE“, додека новиот извршен директор Лари Калп се обидува да ја фокусира компанијата и да ја истера од една од најголемите кризи во нејзината 126-годишна историја.

Под водство на поранешниот шеф Џефри Имелт, „GЕ“ инвестираше многу во градењето на софтверот за да ги надополни своите индустриски машини. Таа дури и се нарекуваше „дигитална индустриска компанија“.

Акциите на „GЕ“ се зголемија за 9,4 отсто на 7,34 долари пред стартот на тргувањето на берзата во Њујорк. Сепак, од почетокот на годината цената на акциите на „GE“ се намали за 62 отсто, по падот од 45 отсто во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП